
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на ладен бран од исток и од североисток на ден 19 Јануари 2026 Понеделник, Богојавление Водици во Македонија ќе имаме ладно време со појава на утрински мразеви кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени. Во Скопје и околината исто така наутро ќе има појава на мразеви и температура до околу -3/-4 степени а преку ден таа ќе се искачи до околу 6 степени.
Времето ќе биде сончево со мала а во јужните предели од Македонија локално со малку зголемена облачност каде ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
И во Скопје и околината на ден 19 Јануари 2026 Понеделник, Богојавление Водици ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од југоисточен правец.

