Skip to main content
Македонија

Во Велес и во Башино Село денеска и утре симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите

11/03/2025  07:58

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (FAO), денеска и утре ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи денеска во Велес, а теренскиот утре во село Башино село.

Од АХВ го информираат локалното население дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба која ќе се реализира по однапред утврдено сценарио и ќе опфати активности кои би се презеле во случај на појава на болеста. Целта на симулациската вежба, се посочува во соопштението, е утврдување на добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите.

На вежбата ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија.