Skip to main content
Македонија

Во тек полициска акција во комплексот ОХИС, се вршат претреси во „Алфафарм“

05/02/2026  19:14

Попладнево се вршат претреси во фирмата „Алфафарм“, лоцирана во кругот на поранешната хемиска индустрија ОХИС, во рамки на истрагата поврзана со заплената на околу пет тони марихуана во Србија.

Под лупа на истражните органи се и повеќе објекти на други фирми кои имаат лиценца за одгледување канабис за медицински цели.

„Алфафарм“ е формирана во 2023 година, а лиценцата за одгледување марихуана ја добила во март 2024 година.

Во рамки на меѓународната полициска акција, еден од ко-сопствениците на фирмата бил уапсен во Србија, додека по друг ко-сопственик, се трага и тој се наоѓа во бегство.