
Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер во близина на Мало езеро. Лицето е лоцирано и веќе му е укажана прва помош.
Во координација со ЦУК, ДСЗ, екипи од НП Пелистер и итната медицинска помош од Битола се работи на извлекување на повреденото лице.
Повеќе детали околу целата акција се очекуваат во текот на денот.


