Skip to main content
Хроника

Во струмичко загина возач по судар на неговото возило со камион

16/02/2025  11:39

На 15.02.2025 околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до с.Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф” со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина.

На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо”. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.