Skip to main content
Македонија

Во среда ќе биде погребан Владо Јаневски

29/06/2026  14:36

Погребот на познатиот македонски пејач Владо Јаневски ќе биде погребан на градските гробишта во Бутел во среда, на први јули.

Сите граѓани, пријатели, колеги и почитувачи на неговата музика ќе можат да му оддадат последна почит во капелата во Бутел, во периодот од 10 до 11 часот.

Погребот ќе следува веднаш потоа на Градските гробишта, соопшти продукцијата „Авалон“, која информацијата ја објави во име на семејството на Јаневски.

Владо Јаневски почина на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники.

Веста за неговата смрт предизвика голема тага во македонската јавност. Од него се простуваат музичари, актери, долгогодишни соработници и бројни почитувачи на песните што со децении беа дел од македонската популарна култура.

Јаневски зад себе остави богато музичко наследство и голем број песни што ги одбележаа животите на повеќе генерации. Неговиот препознатлив глас, стиховите за љубовта и мелодиите што останаа во колективната меморија го вброија меѓу најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена.