Skip to main content
Македонија

Во следните три години, Државниот универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје официјално ќе го води Беким Фетаи

28/04/2025  18:28

Во следните три години, Државниот универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје официјално ќе го води Беким Фетаи, доктор по компјутерски науки. Денес, тој свечено ја наследи функцијата ректор од поранешниот ректор Изет Зеќири.

Новиот ректор Беким Фетаји нагласи дека Универзитетот „Мајка Тереза“ не е само институција за учење, туку заедница посветена на знаење, хуманизам, интелектуален раст, критичко размислување и општествена одговорност. Министерката за образование, Весна Јаневска, изјави дека очекува новиот ректор да продолжи со визијата за уште раст на квалитетот на студиските програми и со својот професионализам да придонесе за развојот на универзитетот како современа образовна и научна институција.

„Заедно ќе изградиме универзитет кој ќе биде центар на знаење кој не само што ќе ги просветлува умовите, туку и ќе ги едуцира срцата на новите генерации. Ќе негуваме средина каде што секој студент и член на нашето ново општество ќе се чувствува ценет, почитуван и инспириран да го даде својот максимум. Ќе работиме да бидеме центар и храм на знаење, национална и меѓународна соработка и истражување и иновации за да придонесеме за нашето општество“, рече Беким Фетаји, ректор на УМТ.