Skip to main content
Фудбал

Од хуманитарниот меч Бугарија – Македонија собрани над 60.000 евра

28/04/2025  18:38

Изминатиот викенд во Варна, Бугарија, се одржа хуманитарниот меч помеѓу фудбаските легенди на домаќинот и Македонија. Плејада од врвни мајсотри на фудбалската игра од типот на Стоичков, Божинов, Пандев, Христов, Најдоски и многу други беа дел од овој хуманитарен спектакл кој имаше за задача да собере средства за помош на семејствата на настраданите во катастрофата во Кочани.