Skip to main content
Македонија

Во расчистување на магистралните и регионални патишта ангажирани се и компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат

12/01/2025  15:37

ЈП Македонија пат во текот на целиот ден врши расчистување на снегот на државните патишта со сите технички и човечки ресурси и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од Министерството за транспорт.

„По интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот.

Исто така во расчистување на магистралните и регионални патишта ангажирани се компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат, како навремено би се справиле со снежните наноси.

Повторно апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Информираме дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови и затоа препораките се да се следи временската состојба посебно оние граѓани кои планираат да патуваат за навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на патиштата.

Сите детални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат од дежурните служби на ЈП Македонија пат на телефонот 02 25 61 502“, се наведува во соопштението на Министерството.