Skip to main content
Хроника

Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби

04/05/2025  12:43

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во Радовиш ги лишија од слобода лицата С.Р.(32) и С.А.(28) и двајцата од Радовиш. Тие се осомничат дека во текот февруари, март и април годинава извршиле 14 кривични дела – „тешка кражба” во колонијални продавници и маркети во населени места на подрачје на Струмица. Воедно констатирано е и дека извршиле  три кривични дела – „одземање на моторно возило”, од кои две во Радовиш и едно на подрачје на Штип.