
Вработен во министерството за национална одбрана во Полска е приведен под сомнение дека соработувал со руските и белоруските разузнавачки служби.
Според полските медиуми, осомничениот бил приведен од работното место. Тој имал позиција на средно ниво во Одделот за стратегија и планирање на одбраната.
Приведувањето е реализирано по долга истрага на полската Воено контраразузнавачка служба.
Приведениот (60) во полското Министерство за национална одбрана работел од 90-тите години на ХХ век.
