Skip to main content
Македонија

Албанската полиција уапси Македонец по обид за бегство на граница

03/02/2026  18:14

Македонски државјанин бил уапсен од албанската полиција на граничниот премин ,,Блато”. Одбил да биде контролиран, па се обидел да избега со што го загрозил животот на полицајците.

Се додава дека уапсениот ќе одговара за кривични дела „спротивставување на вршење на должност на службеник од јавен ред и мир“ и „Нелегално преминување на граница“, а возилото што го управувал е запленето.

Материјалите се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Пешкопеја, за понатамошни дејствија.