Skip to main content
Музика

Во песната го нарече “цинкарош” – Богдан Илиевски му одговори на Слаткар

06/03/2025  21:38

Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит, вечера беше гостин во „Ништо лично“ на Антонио Димитриевски.

Поткастот го отворија со најактуелната тема, за навредите во новата песна на Слаткар кој го нарече Богдан „цинкарош“.

-Контекстот е „цинкарош“, „мочко“, „браќата ги пикна во затвор“. Тоа е реториката на најглупавите ботови на Твитер, бидејќи на Фејсбук има помалку дека мора име и презиме да ставиш. На Твитер уште може под псевдоним да се криеш. Низ годиниве наназад моите политички опоненти кога ќе сум ги критикувал заради нешто, дали е тоа Заев, Ковачевски, Маричиќ, некој од СДСМ, знаеле да се налепат такви коментари од ботови-аматери кои ќе ми пишат „Ти си предавник, ги пикна браќата во затвор“, затоа што јас сум амнестиран. Кога на Твитер така ќе ми настапеле, очекувано е, ги знам тие методи на Забрчанец ботчињата како функционирале. Но дечково… Јас до таа песна за него имав многу коректно мислење. Ми се допаѓаше како појава на сцената. Не ја слушам таа музика, но ги знам песните што ги правел до 2018-та. Тогаш излезе негова песна за референдумската кампања, јас бев во куќен притвор и не смеев да комуницирам со јавност. Тогаш реков од овој момент овој човек за мене не постои, рече Илиевски.

Оценува дека Слаткар не знае ништо за луѓето кои се во затвор и спомнати во песната, а дека него тие му се браќа.

-Кога ја преслушав песната „Еуфорија“ со Тони Зен, вечерта сфатив дека му ја нема песната „Отворено писмо“, дека ја тргнале од мрежи. Си велам „Кој мене ќе ми суди идеолошки“? Бил загрижен за браќата од 27-ми април. Обвинувањата се одвратни. Ме погодија затоа што секогаш кога лага ќе кажат за тебе, ќе те погоди. Што знае тој за браќата во затвор? Дали знае дека се тие луѓе воопшто во затвор пред да реши сега патриот да биде затоа што можеби сега има тезги, па сака да се пласира за да лапа ќеш. Луѓето што се по затворите мене ми се браќа, а кон него имаат различно мислење, ќе го дознае, посочи тој.