Skip to main content
Култура

Во НУБ „Климент Охридски“ одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

22/04/2025  08:47

На 23 април во 13.00 часот Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје  и оваа година традициoнално го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право кој е прогласен од Унеско во 1995 година.

Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април, секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата.

Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Славица Велева а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.

Поддршка и оваа година имавме од Шпанската амбасада во Скопје.