Skip to main content
Свет

Во Мексико убиен уште еден кандидат за градоначалник

13/05/2025  08:28

Вооружени лица убија кандидатката за градоначалник на владејачката партија во мексиканската држава Веракруз. Во инцидентот загинаа уште четири лица.

Есенија Лара Гутиерес од партијата Морено беше нападната на 11 мај во Тексистепек, при што се повредени три лица.

Тоа е второ убиство во Веракруз на кандидат за градоначалник пред локалните избори, што се закажани на 1 јуни.

Гувернерката на Веракруз, Росио Нале изјави дека помеѓу убиените е и ќерката на Гутиерес.

– Ниту една функција не вреди да се умре за неа. Целата државна власт ќе биде присутна во наредните денови за да се обезбеди изборите да бидат слободни и демократски, истакна Нале на вчерашна прес-конференција, ветувајќи правда.