Skip to main content
Спорт

Рекордна заработка од „Ел класико“

13/05/2025  08:30

Барселона и Реал Мадрид одиграа уште еден спектакуларен натпревар, а Каталонците победија со 4:3 по пресврт.

Терминот од 16:15 часот очигледно беше планиран за маркетиншки цели, бидејќи можеа да го гледаат натпреварот во живо на сите меридијани во светот, и тоа се исплатеше.

Како што потврдија каталонските медиуми, Барселона заработила 13,8 милиони евра само од организирање на овој натпревар!

Каталонците додаваат дека ова е убедливо најголемата заработка кога станува збор за домашни натпревари во историјата на клубот и „Ел Класико“.