Skip to main content
Балкан

Во Либан загина припадник на Војската на Србија

04/06/2026  10:19

Припадник на Војската на Србија распореден како дел од мировните сили на ОН во Либан, има подлегна на повреди здобиени откако проектил паднал врз базата на ОН каде што биле стационирани мировници, вклучувајќи и дел од српскиот контингент, соопшти МО на Србија.

На постариот водник Милован Јовановиќ му била укажана итна медицинска помош во болницата во базата откако бил ранет, а потоа префрлен со хеликоптер во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал околу 4 часот наутро по локално време, соопшти Министерството за одбрана на Србија.

Во нападот се повредени уште двајца припадници на меѓународните сили – еден од вооружените сили на Република Ел Салвадор и еден од вооружените сили на Шпанија.

Јовановиќ беше роден на 6 јуни 1989 година во Краљево. Зад себе остави сопруга и двете малолетни деца. Служел во српските вооружени сили од 10 декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан од јануари оваа година.