Skip to main content
Свет

Во Кувајт се урна американски Ф-15, пилотот се катапултираше

02/03/2026  09:02

На социјалните мрежи се лиферуваат снимки од пад на американски Ф-15 во Кувајт. Иран објави дека неговите сили го собориле авионот.

Пилотот на Ф-15 е преживеан, откако успеал безбедно да се катапултира, а по слетувањето за него се погрижила група локални жители.

Засега нема реакција од САД.

Тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемија во последните денови, а воздушниот сообраќај над неколку земји во регионот е речиси целосно милитаризиран. Кувајт е долгогодишен сојузник на САД и една од клучните логистички точки за американската војска во Персискиот Залив.

Во земјата има важни американски бази и складишта за опрема, а кувајтскиот воздушен простор често го користат американските и сојузничките воени авиони за време на операциите во Ирак, Сирија и пошироко.

Ф-15 е американски повеќенаменски борбен авион од четврта генерација, развиен во 1970-тите, но сепак еден од столбовите на американските воздухопловни сили. Познат е по своите исклучителни способности за воздушна супериорност, голема брзина (над 2,5 маха) и моќно вооружување кое вклучува ракети воздух-воздух и прецизно наведувани бомби.

Различни верзии на Ф-15 ги користат и голем број сојузници на САД, вклучувајќи ги и земјите од Персискиот Залив.