Skip to main content
Македонија

Во Крушево 34 литри дожд на метар квадратен во изминатите 24 часа

29/05/2026  09:44

Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34 литри на метар квадратен, во Пожаране 8, Виница 6, Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид и Претор, 4, Тетово, 3,  и по 1 литар во Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Изутринава во Лазарополе се измерени 4 степени, Берово и Попова Шапка, 5, Mаврови Анови и Крива Паланка, 6, Битола и Kрушево, 9, Тетово и Демир Капија,10, Претор, Струмица, Прилеп и Охрид, 11, Виница, Куманово, Штип и Кавадарци, 12, Скопје-Зајчев Рид и Велес, 13, Гевгелија, 18.   

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 31 степен.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 28 степени.