
Косовската полиција приведе германски државјанин во близина на Гнилане, откако при проверка на неговиот автомобил биле пронајдени 43 парчиња автоматски долгоцевни оружја.
На приведениот германски државјанин одреден му е притвор од 48 часа, под обвинение за учество во организирана криминална група, како и незаконски транспорт и трговија со оружје и експлозивни направи.
Истрагата треба да утврди од каде потекнува запленетото оружје.

