Skip to main content
Македонија

Во истрагата за пожарот во Кочани ангажирани 11 обвинители

24/03/2025  12:55

Истрагата за трагичниот пожар во Кочани се проширува со ангажирање на вкупно 11 јавни обвинители, кои интензивно работат на утврдување на причините и можната одговорност за несреќата, информираат од ОЈО.

Според планот на активностите, обвинителството најави распит на повеќе од 300 сведоци, како и спроведување на соодветни вештачења од повеќе области.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, утринава одржа координативен состанок со тимот кој ја води истрагата, при што побара детална и ефикасна работа за да се расветли секој аспект од случајот.

„Јавните обвинители преземаат активности за обезбедување докази на терен, а фокусот е на темелно истражување на сите можни правци на одговорност“, соопштија од обвинителството.

Во текот на денешниот ден, тимот на истражители во Кочани ќе продолжи со собирање на материјални докази, со цел да се добие целосна слика за настанот што го потресе целото општество.