Skip to main content
Свет

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус

15/10/2025  11:15

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 15 се тешко повредени откако се запали автобус во индиската сојузна држава Раџастан.

Со автобусот, кој сообраќал од Џаисалмер до Џодпур, патувале 50 патници.

Според индиските медиуми пожарот избил во задниот дел на автобусот и брзо се проширил, а патниците немале време да го напуштат возилото.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави отштета од 200.000 рупии (околу 1.940 евра).

Индија е позната по исклучително ниска безбедност на патиштата. Според официјалните податоци во 2023 година регистрирани се повеќе од 480.000 сообраќајни несреќи, што резултирало со речиси 173.000 смртни случаи и 463.000 повредени.