Skip to main content
Македонија

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД 

10/04/2026  19:12

Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави и стратешкиот дијалог меѓу двете земји, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари значајни средби во американскиот Пентагон.

Воедно, министерот изрази благодарност за континуираната поддршка од САД која е исклучително значајна во процесот на модернизација на македонската Армијата и развојот на интероперабилноста со сојузниците во НАТО.

Во Пентагон, министерот Мисајловски оствари средба и со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка на САД, Мајк Милер, на која беше истакната важноста за инвестирање во одбранбените капацитети како предуслов за долгорочен развој на  безбедноста.

На средбата беа разгледани тековните и идните програми за поддршка преку кои САД обезбедуваат финансиска и техничка помош за сојузничките земји, при што беше потврдена успешната досегашна соработка.

Соработката со Соединетите Американски Држави како стратешки партнер продолжува со засилено темпо, со јасна заедничка определба за нејзин натамошен развој.