Skip to main content
Балкан

Во Грција вонредни проверки во ноќни клубови за почитување на мерките за противпожарна заштита

18/03/2025  22:32

 Во ноќни клубови, во магацини и фабрики што спаѓаат во категориите со висок ризик, како и во објекти за рециклирање, собирање на опасен или неопасен отпад за кои потребен е сертификат за (активна) противпожарна заштита во Грција ќе се спроведат вонредни контроли за почитување на мерките и средствата за противпожарна заштита, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција.

Надлежните служби во Министерството наредиле, покрај редовните контроли по случаен избор, во вториот квартал од 2025 година да се спроведат и вонредни инспекции во простори каде што има собири на луѓе.