Skip to main content
Хроника

Во гостиварско Добридол приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристички престој

12/01/2025  12:14

Полициски службеници од ОВР Гостивар утрово во 02.10 часот извршиле акциска контрола во угостителски објект во гостиварското село Добридол, при што поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта биле приведени седум странски државјанки.

Како што соопштија од МВР, од приведените странски државјанки пет биле од Бразил, една од Колумбија и една од Венецуела, на возраст од 22 до 34 години.

Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.