Skip to main content
Свет

Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок

12/01/2026  20:18

Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок .

Во својата прва година, програмата има за цел да ангажира 3.000 доброволци. Предвидено е бројот на регрути постепено да се зголемува на 10.000 доброволци годишно до 2030 година и на 42.500 до 2035 година.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат онлајн во копнената војска, военото воздухопловство или морнарицата, или да посетат регионален центар за регрутација.