Skip to main content
Скопје

Во четврток во Скопје дебата за одговорното сопствеништво на миленици

08/12/2025  10:30

Во Скопје во четврток ќе се одржи панел дискусија посветена на одговорното сопствеништво. Експерти, претставници на невладините организации и на институции кои работат во оваа област ќе дискутираат на тема – одговорноста почнува со мене – влијание на одговорното сопствеништво врз благосостојбата на милениците и врз заедницата.

На панел дискусијата ќе стане збор за европската законска рамка за одговорно сопствеништво и одгледување на домашните миленици како и предизвиците за нејзина имплементација. Ќе се разговара и за темите поврзани со неодговорното сопствеништво и за проблемите кои притоа настануваат.

– Панелот ќе овозможи размена на идеи, добри практики, директна вклученост во дискусиите и градење нови партнерства, велат од Македонската асоцијација на стилисти за миленици и од Здружението на граѓани „Откритие“ кои се организатори на настанот.

Панел дискусијата ќе се одржи во Јавна соба од 18:30 часот.