
Во чест на Павел Христов, еден од младите херои кои го загубија животот во трагичната несреќа во Кочани, се одржа меморијален собир со автомобили, организиран од страна на неговите најблиски пријатели, семејството и сите кои го познаваа и сакаа.
Настанот беше исполнет со многу емоции, благодарност и гордост за животот што Павел го живееше со полно срце.
Голем број автомобили се собраа во негова чест, симболизирајќи ја љубовта и страста што Павел ја имаше кон автомобилите и кон животот.
На собирот беа присутни неговите најблиски, пријатели, како и луѓе од цела држава кои дојдоа да му оддадат почит.
Погледнете како помина собирот: