Skip to main content
Свет

Во близина на брегот на Либија спасени 25 мигранти

09/03/2025  21:00

Бродот „Оушн Викинг“, изнајмен од организацијата за итна помош „СОС Медитеран“, денеска спаси 25 лица во близина на брегот на Либија, меѓу кои три жени и седум малолетни лица, објави невладината организација со седиште во Марсеј.

Спасените мигранти ги примила Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, додаваат од организацијата, наведувајќи дека повикот за помош го упатил мигрант на нестабилен брод од неговиот мобилен телефон.

Според последните податоци на Меѓународната организација за миграција, од почетокот на годината во Средоземното Море исчезнале или загинале 247 лица додека се обидувале да стигнат до Европа.