Skip to main content
Балкан

Во БиХ утре нов дводневен бојкот на продавниците

06/02/2025  20:56

На иницијатива на граѓаните утре ќе има нов дводневен бојкот на пазарењето во трговските центри и супермаркетите во Босна и Херцеговина.

Неформалните група преку социјалните мрежи повикаа на нов бојкот како одговор на постојаното поскапување на основните прехранбени производи и покрај најавите на владините тела и мерките за нивно ограничување.

Министерот за трговија на БиХ, Амир Хасичевиќ изјави дека Владата планира да ги намали цените и да ги задржи на пониско ниво за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.

Според податоците на даночните управи првиот бојкот на продавниците што го организираа граѓаните на БиХ на последниот ден од јануари не бил успешен.

Граѓанските иницијативи во БиХ, Хрватска и соседните земји продолжуваат да вршат притисок врз властите и трговските синџири со цел да се спречат понатамошни неоправдани поскапувања на основните потреби, според медиумите во регионот.