Skip to main content
Балкан

Во Белград студенти протестираат прeд медиумот Информер

29/03/2025  19:35

Стотици српски студенти протестираат денеска шест часа во Белград пред телевизијата Информер за која тврдат дека е блиска до властите, носејќи транспаренти на кои пишува „Манипулатори, а не новинари“ и вејат српски знамиња Тие покренаа иницијатива да се укине фрекфенцијата за Белград на тој медиум.

Студентите направија и т.н. ѕид на срамот со издвоени наслови и написи од весникот и телевизијата Информер.

Таа телевизија според официјални податоци 647 пати го прекршила етичкиот кодекс на српските новинари во 2024 година и како и голем број весници и тв-канали речиси секојдневно објавуваат обвинувања против демонстрантите.

Од почетокот на протестите што ја потресоа Србија, големото антикорупциско движење кое започна по несреќата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, тие медиуми ги оквалификуваа студентите во блокада како „странски агенти“, платеници на опозицијата, архитекти на иден „државен удар“.

Весникот Информер, се продава за 40 динари, половина од цената на конкурентите,во тираж над 57.000 печатени примероци дневно, и е еден од најчитаните весници во Србија. И телевизискиот канал на групацијата има најголем удел на пазарот.

Министерството за информации и телекомуникации денеска изрази загриженост за протестот пред редакцијата на Информер во Белград, оценувајќи дека со тоа се врши притисок врз медиумите.

Студентите од ФПН најавија дека протестот ќе трае до 20 часот.