Skip to main content
Балкан

Во Атина судири меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

13/04/2025  09:44

Во предградието на Атина, Егзархија, околу полноќ дошло до судири меѓу полицијата и група непознати лица во близина на полициската станица, при што е причинета голема материјална штета, јавуваат грчките медиуми.

Судирите траеле околу еден час и започнале откако група непознати лица наводно ја нападнале полицијата со молотови коктели и камења, по што полицијата одговорила со фрлање шок бомби, јави ЕРТ.

Според информации, полицијата уапсила 72 лица.

Грчките медиуми јавуваат и дека е повреден еден полицаец.

Пожарникарите интервенирале откако избувнале пожари во автомобили и корпи за отпадоци, објави Катимерини.