Skip to main content
Свет

Еквадор прогласи вонредна состојба пред вториот круг од претседателските избори

13/04/2025  09:20

Властите во Еквадор вчера прогласија вонредна состојба во седум од вкупно 24 провинции, вклучително и во главниот град Кито, само еден ден пред одржувањето на вториот круг од претседателските избори.

MK Summit

Мерките се воведени поради драматично зголеменото насилство поврзано со наркокартелите. Вонредната состојба ќе трае 60 дена и вчера стапи во сила.

Актуелниот претседател Даниел Нобоа се соочува со кандидатот од левицата, Луиса Гонзалес, во услови на растечко насилство

Во указот на претседателот Нобоа се наведува дека мерката е неопходна поради „ескалацијата на насилство, тешки злосторства и интензивни незаконски активности на организирани вооружени групи“.

Вонредната состојба вклучува укинување на некои граѓански слободи, како заштитата од неовластени претреси и слободата на собирање, а во повеќе градови се воведува и полициски час.

Нобоа, кој е на власт од 2023 година, и претходно воведуваше вакви мерки за борба против картелското насилство.