Skip to main content
Хроника

Во Аеродром шест лица на возраст од 17 до 20 години нападнале 15-годишник, откако не нашле пари кај него

14/11/2025  14:41

На 13.11.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(49) од Скопје пријави дека на 12.11.2025 околу 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен син бил пресретнат од шест лица на возраст од 17 до 20 години, а еден од нив му се заканил и му побарал пари, но откако не нашол пари кај оштетениот, физички го нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.