Skip to main content
Хроника

Во 19 постапки за јавни набавки употребиле 19 лажни исправи: Финансиска со кривична за управителите на „Тритерол Петрол“

20/11/2025  12:37

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата Љ.П. и З.А. во својство на управители на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторени кривични дела „Фалсификување исправа“ од чл. 378 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија и „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“  од чл. 275-в од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Во период од 01.01.2021 година до 31.12.2024 година, пријавените во 19 постапки за јавни набавки пред 12 јавни и државни институции свесно употребиле 19 лажни исправи – фалсификувани банкарски гаранции за целосно, навремено и квалитетно исполнување на обврските. На ваков начин со поднесување на невистинита документација свесно ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавнa набавкa и склучиле 19 договори за јавни набавки, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 56.764.827,00  денари.