Skip to main content
Македонија

Внук крвнички ја претепал баба си во Битола

18/01/2026  15:04

28 – годишен маж од Битола ја претепал неговата баба во нивниот семеен дом. Вчера во 19:00 часот во казино лоцирано на ул. ,,Партизанска”, напаѓачот Т.Р. кој и нанел тешки телесни повреди на неговата баба бил лишен од слобода.

Од страна на екипа на Итна медицинска помош Битола, повредената била пренесена во Клиничка болница Битола.

Во координација со јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ.