
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС се против парите во бизнисот и против развојот на економијата.
СДС се против компаниите да добијат евтини кредити со каматна стапка од 1.95%, до 3 години грејс период и рок на отплата до 15 години.
СДС е против развојот на економијата, затоа што во нивно време функционираа само фирмите од тендер шемите и фирмите блиски до Заеви кои испумпаа милиони од Еуростандард банка.
СДС е против тоа да се развиваат фирмите кои немаат врски со СДС и нивниот врв, туку се на народот, кој напорно работи за себе и за државата.
СДС не сака економијата да се развива и не се навикнати да дадат поволности за граѓаните, туку само за себе блиските луѓе.
Токму овие алчни, криминални и арогантни политики на СДС беа поразени, а тие никако да ја научат лекцијата и да излезат од матрицата на деструктивност.