Skip to main content
Македонија

На Велигден ќе имаме вистинска пролет преку денот во Македонија

11/04/2026  10:06

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во Скопје и околината на ден Велигден 12 април 2026 времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност и пролетно топло а ќе дува  и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 5 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 21 степен.