
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС е партија која додека беше на власт потроши милионски буџети, а немаше ниту една инвестиција, ниту пак капитални проекти.
СДС ги осиромаши граѓаните и ги остави со празни џебови додека буџетската каса ја испразни, а државата ја остави на раб на банкрот.
СДС континуирано води политика и ПР стратегија со која што шири лаги и манипулира.
СДС лажеа дека државата ќе банкротира, но не само што државата не банкротира, туку се зголемија и платите, дека мигранти ќе дојдат, дека ИПАРД средствата за земјоделците се блокирани, но Брисел потврди дека нема никакви неправилности со фондовите и ги демантира.
СДС продолжуваат да растураат пердуви во јавноста, СДС лажеше дека ќе банкротираме, не банкротиравме. Напротив, се зголемија платите, се испочитуваа Колективните договори.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки за подобрување на платите, состојбите и условите за најсуштинските сектори во државата како здравство, образование, безбедност.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи транспаретно и одговорно во интерес на граѓаните.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секоја категорија на граѓани и зголемување на животниот стандард.

