Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
СДС и Левица по теркот на злоупотребата на трагедиите на Мартин Нешкоски и малечката Тамара продолжуваат да ја градат својата политика и да ја злоупотребуваат трагедијата и загубата на Фросина.
Воедно тие и трујат со политика и протестите кои се граѓански и последица на незадоволството од судско обвинителскиот систем.
Ваквата политичка некрофилија е резултат и последица на безидејноста и апсолутната потонатост во криминалот и корупцијата, на истите тие кои создадоа монструми од судство и обвинителство.
Тоа е истата политика која создаде впрегнати судии и обвинители кои даваат отпор на секоја реформа и секоја промена. Истите тие пропусти кои дозволија и неказнето да се провлекува низ системот и убиецот на Фросина.
Она што е врвот на некрофилијата е што СДС стана обвинител и судија пред институциите да реагираат и за телефонот на одговорниот за несреќата на Фросина.
Згрозени сме од постапките на СДС и Левица и нивната злоба бездушно да прават политика од туѓи трагедии.
Истовремено потсетуваме дека истиве овие никаде ги немаше да кажат за жртвите од модуларната од Дурмо турс или сообраќајката во Бугарија. Трите тие случаи се директно поврзани со корупција на нивни структури и коалициони од ДУИ. И со лична одговорност на нивниот лидер.
Народот нема втор пат да наседне на истите трикови на некрофилите од СДС кои би се здружиле и со ѓаволот и правеле се само да не се зборува за нивниот криминал и да не бидат тие предмет на анализа на обвинителството и органите на прогонот.
Ова е причина повеќе да има коренити и драстични промени во судството и обвинителството. Нешто за што даваат активен отпор од СДС. Промени ќе има исто како и одговорност.