
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
Младите остануваат во центарот на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ покажува со дела, а не со зборови. Намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат врвен приоритет на Владата.
Со зголемени средства за мерките за вработување и јасен фокус кон младите, резултатите се веќе видливи. Само преку Оперативниот план за вработување во 2025 година беа опфатени над 2.600 лица, од кои речиси 1.500 млади до 29 години, а беа отворени близу 2.200 нови бизниси.
Средствата за Оперативниот план за вработување во 2025 година беа зголемени за 7,5 милиони евра во споредба со 2024 година.
Во 2026 година Владата оди чекор понатаму. Обезбедени се речиси 40 милиони евра за поддршка на вработувањето, со опфат на повеќе од 10.000 граѓани. Над 32 милиони евра директно се насочени кон мерки што ќе создадат нови можности за работа и економски развој.
Со Оперативниот план за 2026 година, речиси 6.000 млади лица ќе бидат вклучени во активните мерки за вработување, а дополнително илјадници ќе добијат поддршка преку младински додаток, практикантства и обуки за стекнување нови вештини.
Преку мерките за самовработување и поддршка за креирање нови работни места предвидена е стимулација за вработување на младите во производните капацитети, каде што за околу 3.500 млади лица до 23 години е обезбеден младински додаток од 3.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ гради економија што создава шанси, ги задржува младите дома и обезбедува сигурна иднина за секој граѓанин. Работиме посветено, инвестираме во луѓето и испорачуваме конкретни резултати.


