Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на пуленот на ДУИ немаат крај

22/02/2025  12:23

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС повторно шири бесрамни лаги со цел да ја прикрие катастрофалната состојба во која ја остави државата. 

Тврдењата дека Владата ќе вработи 3.000 лица се целосна невистина и очаен обид на СДС да најде оправдување за сопствениот политички неуспех.

Ако некој создаде армија на неспособни партиски војници и ја претвори државната администрација во штаб на Бихаќка, тоа е токму СДС! 

Дополнително, ако има вработувања, тие ќе бидат исклучиво во согласност со пописот и реалните потреби на институциите, а не по партиски список како што правеше СДС.