
Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови.
Можеби таа пасија доаѓа од прикажните дека нивниот идеолошки гуру, Зоран Заев, до скоро поседувал акции во една индиска авио компанија која пред кусо време беше продадена, а чии акции можеби сеуште постојат во една од постоечките авио компании.
Ако ова е точно, добро е СДС да си провери чива била сопственоста и како нивниот сеуште неформален лидер стасал до авио компанија во Индија?
Каква пак е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај?
И како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авио компании?
Од СДС нека си проверат, и нека одговорат, ќе ги поочекеме. Институциите не треба да чекаат. Сигурно работат.