Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ чекор поблиску до триумф – расте предноста во главниот град

02/11/2025  20:24

Според најновите неофицијални податоци објавени од ВМРО-ДПМНЕ бележи значајно водство во повеќе општини и градови низ државата во вториот круг од локалните избори.

Во Град Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58.820 гласа, додека кандидатот на Левица 33.714 гласа, со што партијата ја задржува доминантната позиција во главниот град.

Во скопските општини, резултатите се следни:

  • Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ – 12.135, СДСМ – 6.683
  • Карпош: ВМРО-ДПМНЕ – 9.925, Стевче Јакимовски – 8.718
  • Чучер Сандево: 2.336 спрема 1.706 за СДСМ

Во источниот дел на земјата, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во:

  • Кочани: 5.740 гласа наспроти 3.909 за Венко Крстевски
  • Виница: 4.105 спрема 2.847 за СДСМ
  • Конче: 1.058 спрема 786 за СДСМ
  • Дојран: 1.175 спрема 676 за СДСМ

Од партијата велат дека победата во Чучер Сандево, Дојран и Кочани е веќе сигурна, а дека водството во Скопје, Карпош и Аеродром постојано расте со секоја нова обработена изборна единица.

Изборниот процес, според досегашните информации, поминува во мирна атмосфера, додека конечните резултати се очекуваат по завршување на пребројувањето од сите избирачки места.