Skip to main content
Македонија

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР

19/03/2026  21:26

Актуелен директор на државна институција вечерва е уапсен под сомнение за примање мито, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност.

Во моментов нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на приведениот, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.

Од извори вклучени во акцијата, неофицијално се брифира дека станува збор за дел од засилените активности за сузбивање на корупцијата, кои акции, ќе продолжат и идниот период.

Се очекуваат официјални информации од МВР и Обвинителството во текот на ноќта или утрешниот ден.