Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?

25/05/2026  16:40

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ. Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот.

Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради Стадионот на Тетово поради приватни узурпации на имотите. Беа узурпирани и Спортскиот центар и многу други јавни имоти. ДУИ ги затвораше очите и ушите пред урбаната мафија поради коруптивни интереси.

Со доаѓањето на Билал Касами на чело на Тетово, имотите им беа вратени на граѓаните. Стадионот на Тетово конечно се гради. Се градат патишта и булевари. За првпат по многу децении се градат две средни училишта во Тетово.

Покрај решавањето на проблемите со основната инфраструктура, водоснабдувањето и канализацијата, ВЛЕН и Билал Касами градат и спортски сали и базени, претворајќи го Тетово во европски град.

Овој развој ѝ пречи само на ДУИ. Опозицијата има носталгија за времето кога двојката Бајрам Реџепи – Теута Арифи ја задолжија општината, ги продаваа јавните имоти на сомнителни проруски бизнисмени и ги оставија тетовци во кал и беда.

За среќа, тоа време повеќе нема да се врати. Тетово јасно зборуваше на локалните избори. Убедливата победа на ВЛЕН со разлика од 5.000 гласови беше јасна порака и за ДУИ, и за урбаната мафија, и за сомнителните агенди дека Тетово го затворило мрачното поглавје на корупцијата, хаосот, стагнацијата и деградацијата. Тетово оди напред кон развој и благосостојба. Тетово не запира!