Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Во Студеничани го поддржуваме независниот кандидат Азем Садику

25/10/2025  17:40

Соопштение на ВЛЕН:

Коалицијата ВЛЕН најавува дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи независниот кандидат за градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садику.

Оваа одлука е донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци, јасно изразена на 19 октомври, кога со ЕДЕН ГЛАС рекоа „ДУИ не” во повеќето албански општини.

Заедно со граѓаните и кандидатите кои искрено го претставуваат јавниот интерес, ќе ја унапредиме промената што започна на 19 октомври во албанските општини.