
Соопштение за јавност на ВЛЕН:
Почетокот на учебната година е период исполнет со радост за секое дете, но и со дополнителни трошоци за секое семејство. Со цел да им се олесни финансискиот товар на родителите, ВЛЕН, преку министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка”, со попусти до 15 проценти за училишниот прибор.
Во „училишната кошничка” ќе бидат опфатени ранци, тетратки, моливи, маркери, блокови за цртање и други основни производи потребни за успешен почеток на новата учебна година.
Ова е уште една конкретна мерка на ВЛЕН во Владата, насочена директно кон граѓаните и нивните секојдневни потреби. Наместо празни ветувања, фокусот е ставен на конкретни решенија кои ги намалуваат трошоците на семејствата и им обезбедуваат поддршка тогаш кога таа им е најпотребна.
Производите опфатени со мерката ќе бидат јасно означени во продажните места, а попустот ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалната сметка.
Затоа што вложувањето во децата и младите е вложување во иднината. Создаваме подобри услови за учење, повеќе можности за развој и генерации кои утре ќе ја градат иднината на нашата земја.



