
Соопштение на ВЛЕН:
Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија.
Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати.
Европската комисија го потврди она што постојано го истакнуваме: Северна Македонија е меѓу земјите со најдобри перформанси во регионот во реализацијата на реформите и европската агенда.
Овој успех потврдува дека државата има капацитет да реализира вистински реформи, да ја зголеми институционалната ефикасност и да ги унапреди процесите што директно влијаат врз животот на граѓаните, и тоа почнувајќи од образованието и дигитализацијата, па сè до транспарентноста и економскиот развој.
За ВЛЕН, европската интеграција не е само политичка цел, туку процес што треба да донесе конкретен развој, функционални институции и повеќе можности за граѓаните.
Постигнатите резултати се поттик да се продолжи со истото темпо на европскиот пат, со фокус на реформите, одговорноста и градењето држава што им служи на граѓаните според европски стандарди.

