
Соопштение на ВЛЕН:
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во партиското претседателство, а Фатон Ахмети за изборниот пораз беше награден со две нови партиски фотелји, потпретседател и шеф на кабинетот на Али Ахмети. Во ДУИ, очигледно, за пораз не се одговара, туку поразените се наградуваат.
Истата приказна се повторува и во Арачиново, Боговиње, Теарце, Струга, Желино и Сарај. Ги изгубија изборите, но никој не се тргна, никој не одговараше и никој не ја пушти фотелјата.
Муабетите за легитимитет и барањата за предвремени избори им се само за по дома, за да ги држат во кондиција истите фотелјаши и да им продаваат надеж дека уште малку ќе се вратат на власт за повторно да крадат. Но, тие приказни веќе не поминуваат ни во Мала Речица.
Во ДУИ добро знаат дека пред неполна година Албанците со глас ги исфрлија од сите општини со албанско мнозинство и дека секое ново соочување со граѓаните за нив значи уште една шлаканица. На следните избори граѓаните ќе ја довршат работата и ова нереформирано раководство, кое функционира како политбиро, ќе го испратат право во политичка пензија.



